Констатирани оставките на Таравари, Беџети и Исмаили, официјализирана пратеничката група на „Вреди“

На почетокот од 49тата пленарна собраниска седница беа прифатени поднесените оставки на министерот за здравство Арбен Таравари и замениците министри од земјоделство Фљакрон Беџети и одбрана Елфет Исмаили на кои им престана мандатот.

Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска пред констатацијата на оставките појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложение на оставките, но ниту еден од нив не поројавил интерес се до почетокот на пленарката и не беа присутни во собраниската сала.

„ВРЕДИ“ денеска ја официјализираше пратеничката група со девет пратеници, а како што најави на прес-конференција координаторот Беким Ќоку очекуваат зголемување на бројката во нивните редови.

Претседателот на движењето Беса,  Биљал Касами смета дека поднесувањето на оставките на владините функционери од Алијанса за Албанците се работи само за неколкумина индивидуалци, додека останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата. Касами нагласи дека за коалицијата ВРЕДИ е поважно каде се гласачите на Алијанса за Албанците, отколку кој ги поседува партиските печати.

Кој ќе седне во испразнетите владини фотељи ќе се знае следниВе денови. Премиерот Христијан Мицкоски засега  открива  само дека распоредот на силите останува ист.

Сега ексминистерот Таравари до крајот на неделава пак треба да има средба со претседателот на СДСМ  Венко Филипче. А од ДУИ тврдат дека нивните најжестоки политички противници веќе се обединуваат за да го бранат достоинството - од како што посочија антиевропска и антиалбанската влада.