Конгрес на НСДП
Довикувања и барања процедурални, негодувања, но и поддршка околу начинот на кој се вршела кандидатурата за нов претседател на НСДП. Вака течеше 5тиот конгресот на партијата на која се бираше новиот претседател.
Стариот во заминување Тито Петковски со порака дека одредени членови од партијата извршиле упат во извршниот одбор а не демократска е вели кандидатура со само еден предложен. Мисовски му врати ништо не е вечно и ниту еден лидер на партија не останал вечно на тронот но почесното место секогаш вели ќе го има Петковски.
Со Петковски дојде и вториот претендент Кристијан Трајковски кој исто така ја спореше кандидатурата на Мисовски изминатиот периот, но не застана на говорницата за време на отворениот дел за медиумите. Дел од делегатите кои го поддржуваа него со обвинувања и на адреса на пратеничката Мираковска која пак претседаваше со Конгресот која пак на Петковски му порача дека ниту еден претседател на партија не го водел конгресот и нема причина за негодување.
Целиот процес за кандидати за нов претседател на НСДП во јавноста помина скандалозно особено меѓу двајцата ривали Мисовски и Трајковски. Се почна со Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес е Горан Мисовски. За оваа одлука актуелниот претседател на партијата Тито Петковски рече дека е надвор од Статутот и е донесена во негово отсуство, откако тој ја затворил седницата и заминал.
Потоа Централниот одбор на НСДП, сепак го утврди Горан Мисовски за единствен кандидат за претседател на партијата.