Конференција „Зелените доаѓаат!“

Во организација на невладината организација Цивил денеска ќе се одржи конференција „Зелените доаѓаат!“, чија цел е да промовира зелени вредности кои ги вклучуваат и се во единство со темите поврзани со социјалната правда и антинационализмот.

На конференцијата ќе учествуваат граѓански организации и иницијативи, политички партии, институции на национално и локално ниво.

– Суштински важно е да се разбере дека кога зборуваме за зелените вредности, тоа не подразбира само заштита на животната средина, туку и заштита на човековите права и слободи, социјална и еколошка правда, економска и еколошка благосостојба, еднаквост и антидискриминација. Зелените доаѓаат насекаде во светот. Северна Македонија мора да се приклучи кон глобалните трендови и процеси, велат од организацискиот тим на конференцијата.