Конференција „Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”
Конференција на тема: „Социјален дијалог - состојба, перспективи и предизвици” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Сојузот на Синдикатите на Македонија во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт Скопје.
Најавено е учество на преставници на ССМ, Организацијата на работодавачи на Македонија , Министерството за економија и труд, Министерството за јавна администрација, како и професори и експерти.
На конференцијата ќе бидат разгледани актуелните состојби со социјалниот дијалог во државата, со цел да се утврдат идните чекори за неговото унапредување, како и за развој и потикнување на колективното договарање на сите нивоа, во насока на остварување, заштита и унапредување на работничките права, најавија од ССМ.