Конференција „Одбрана на демократијата“

Никој не е имун на дезинформациите тие се присутни насекаде околу нас мора да се бориме со нив и да знаеме како да се заштитиме – потенцира амбасадорката на Германија во Македонија Петра Дрекслер во своето обраќање на меѓународната конференција за „Одбрана на демократијата што се одржува во Скопје. Бранењето на демократијата и човековите права е клучен принцип и морална и правна обврска не само на ЕУ туку и на другите земји. Слободата на печатот е услов и барометар за почитта на човековите права, истовремено е и столб на демократијата.

 

И амбасадорката на Литванија Вилма Дамбраускиене со сличен став, мора да се бараат начини за бранење на демократијата и владеење на правото. Ние заслужуваме сè што ќе донесе победа“, посочи меѓу останатото Дамбраускиене.  

 

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права. Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Македонија, регионот, Европа и Соединетите Американски Држави.