Конечна одлука: Вакцината “Астра Зенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години
Foto

Конечна одлука: Вакцината “Астра Зенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години

Вакцината на Астра Зенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За вакцинираните во Србија ќе се чекаат нови препораки или ќе се ревакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Очекува во текот на овој месец во земјава ќе стигнат околу 300 илјади вакцини од нив најголем дел од Кина. 

По проценката на Европската агенција за лекови, ЕМА, дека вакцината на АстраЗенека сепак е поврзана за ретки нус појави кои можат да предизвикаат тромбоза, Европската Комисија бара обединет став во земјите членки на ЕУ. Засега секоја земја членка сама одлучува дали и како ќе ги користи вакцините, меѓу кои и АстраЗенека.

Здравствената политика во ЕУ е национална надлежност и секоја земја е целосно слободна во своите одлуки, порача еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес. Универзитетот Оксфорд, пак, оцени дека идентификувањето на ретки случаи на згрутчување на крвта, кои можат да бидат поврзани со вакцината Астра Зенека, покажува дека функционираат безбедносните системи. 

„Охрабрени сме да видиме дека следењето на безбедноста продолжува под внимателен надзор на регулаторите.“ - изјави Ендрју Полард - директор на Оксфорд ваксин груп.

Германија засега ја ограничи употребата на Астра Зенека на лица постари од 60 години и групи со висок приоритет, а одлуката за луѓето на возраст под 60 години кои ја примиле првата доза на Астра Зенека е одложена за идната недела.

Во Франција и Белгија вакцината се дава само на лица над 55 години. Во Финска со АстраЗенека се вакцинираат само лица над 65 години. Италија препорача да се вакцинираат со АстраЗенека само оние над 60 години. Другите земји на ЕУ во моментов немаат ограничувања за вакцината.

0 Коментари

Остави коментари