Концертот „Патување низ Европа” вечерва на Скопско лето
Foto

Концертот „Патување низ Европа” вечерва на Скопско лето

Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва во Музеј на македонската борба ќе се одржи концертот „Патување низ Европа” на Марко Поп Ристов – виолина и Марија Вршкова – пијано.

Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена na nivo na univerzitet – „CUM LAUDA” во класата на проф.Т.Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано.

Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија ,а најзначајна меѓународна наградата е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија.

Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти.

Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори.

Покрај неколкуте снимени цд-а со истакнатите македонски умерници, Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010 година, таа го снима и своето прво солистичко цд „Македонска музика за пијано“.

Како солист и и камерен музичар настапувала во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија,Америка, Бугарија, Србија, Австрија, Англија, Грција… Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали во Македонија како , Охридско Лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености…

0 Коментари

Остави коментари