Kонцертот на Националниот џез-оркестар со Марија Мендеш ќе биде хуманитарен

Kонцертот на Националниот џез-оркестар (НЏО) на 25 март во Националната опера и балет сепак ќе се одржи, беше објавено на неговата официјална фејсбук-страница. На концертот ќе гостува Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка што живее во Холандија, а настанот ќе биде хуманитарен.

- Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во фоајето ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства. - велат од НЏО.

Музиката на Мендеш е уникатна мешавина од џез и португалска фадо-музика. Заедно со пијанистот и аранжер Џон Бизли, таа преработува стари фадо-песни во модерни џез-аранжмани. Токму овој материјал, дополнително обработен за биг-бенд оркестар од страна на Владимир Николов, кој ќе диригира, ќе се свири на концертот.

Заедно со пијанистот и аранжер Џон Бизли, таа решава старите фадо-нумери да ги изведе во модерно џез-руво. Овој органски спој им носи четири греми-номинации за двата албуми: „Close To Me“ (2019) и „Saudade, Colour of Love“ (2022), од кои вториот беше аранжиран за џез-ансамбл и камерен оркестар со гудачка и дрвена дувачка секција, изведен со познатиот холандски „Метропол оркестар“.