„Концерт во изолација“ на Дино Имери
Foto

„Концерт во изолација“ на Дино Имери

Во Музејот на македонската борба утре, во 18 часот, ќе настапи македонски пијанист Дино Имери. Настапот во живо под наслов „Концерт во изолација“ ќе содржи изведби на дела од Бетовен, Брамс, Дебиси, Рахмањинов и други. Концертот ќе се одвива во салата на Музејот, а публиката ќе може да го проследи во живо преку профилот на Музејот на социјалната мрежа фејсбук.

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршката филхармонија, Софиската филхармонија, Филхармонијата на Република Северна Македонија, Симфонискиот и камерен оркестар на ФМУ, Националната опера и балет, Камерениот оркестар на музичка младина на Македонија.

Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивалот „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Интерфест“ – Битола и др.

Добитник е на голем број награди и признанија, а бележи и бројни домашни и меѓународни

дискографски изданија. Од декември 2018 година се стекнува со звање доцент и предава повеќе предмети од областа на Камерна музика, Корепетиција и Пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари