Концерт во Градскиот парк во Скопје
На Школка во Градскиот парк во Скопје денеска во 18.30 часот концерт ќе одржат Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери на Обединетото Кралство и Воениот оркестар на АРМ. Концертот се одржува во рамките на одбележувањето на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети.
Концертот го организираат Британската амбасада во соработка со македонската Армија.

