Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ - Ко некад у 8“ во во рамки на фестивалот Скопско лето
Концерт насловен „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ ќе се одржи вечер во во рамки на фестивалот Скопско лето.
На сцената ќе настапат Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов. Диригент на концертот е Иван Еминовиќ.
Во соопштението се нагласува дека концертот поттикнува зачувување на градското културно творештво преку платформа на вмрежувања помеѓу млади и искусни уметници, класичари и џезери, како и уметници во пензија кои ја унапредија музичката историја. Се додава дека преку ваква дисперзија на изведувачки капацитет и промоција на заедничките вредности, се постигнува целта – повторување, афирмирање и пренесување (на новите генерации) безвременски хитови кои го обединуваат регионот.