Концерт на Камерно трио на Скопско лето
Камерното трио што го сочинуваат Билјана Петровска – пијано, Марија Јакимовска – флејта, Верица Ајтовска – виола, ќе настапат вечер во 21:00 часот во фоајето на Националната опера и балет, во рамки на 45. издание на Скопско лето.
Билетите за концертот се во продажба на eTickets (karti.com.mk), како и пред почетокот на настанот на влезот на Националната опера и балет.