Концерт „Кина се сретнува со Западот“ вечерва во Филхармонија
Foto

Концерт „Кина се сретнува со Западот“ вечерва во Филхармонија

Светски познатиот хор на Националната кинеска опера вечерва во Националната филхармонија ќе одржи гала-концерт насловен „Кина се сретнува со Западот“.

Хорот ќе настапи во придружба на пијанистката од Швајцарија, Џао Мелодие, под диригентската палка на Џао Јуан и Џоу Хаоју.

Гала-концертот е во организација на Амбасадата на Народна Република Кина и Координативниот центар за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, по повод Четвртиот министерски форум за културна соработка на НР Кина со земјите од ЦИЕ (17+1).

0 Коментари

Остави коментари