Kонцерт „Филхармонија за Филхармонија“ вечерва во 20 часот
Foto

Kонцерт „Филхармонија за Филхармонија“ вечерва во 20 часот

По првиот камерен концерт што се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонија, вечер во 20 часот ќе биде одржан уште еден концерт од серијата насловена „Филхармонија за Филхармонија“.

Ќе настапат квартет „Вива Стрингс“ (Елена Талевска – виолина, Димитар Михајловски – виолина, Дубравка Зајкова – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело); триото во кое свират Илза Бафтијари (виола), Илинка Велкова (флејта), Маја Михајловска (виолончело); Пијано трио со Маријана Николовска на пијано, Даниел Лазаровски на виолина, Драган Гоневски на виолончело;Групата виолончела на Филхармонија; Трио тромбони (Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ) и триото во кое свират Елена Талевска(виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Мерсиха Шукри (харфа), и на истата ќе се изведуваат дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и Барток.

0 Коментари

Остави коментари