КОН КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ СЕ РУШАТ ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД
Направен е прогрес во исполнување на препораките на УНЕСКО, при крај е изработката на планот за управување со охридско струшкиот регион кој е од суштинско значење за организацијата вели градоначалникот Георгиевски.Најдоцна до 24 септември до канцеларијата на Унеско ресорните министерства ќе ја испратат првичната драфт верзија. Во исто време кога УНЕСКО ќе го чешла детално планот, во Охрид ќе се руши се што е нелегално.Ќе се почне од активните градби, односно од оние што во моментов се градат без документи, а подоцна и останатите кои со документи се прогласени за дивоградби. Постапката се очекува да стартува кон крајот на септември, а ќе трае неколку месеци додека да се врати во првобитна положба крајбрежјето.
И додека за Охрид е јасно дека наскоро ќе почне да ги чисти дивоградбите за Струга нема ниту една официјална инфомроација освен изјавите на Мерко дека таму нема ниту една дивоградба и дека Охрид ја користи токму Струга како алиби за решавање на проблемите. Мерко дури му порача на Геооргиевски да си гледа во својот двор.
Сепак неофицијалните бројки говорат дека вкупниот број на поднесени барања за легализација на дивоизградени објекти во општина Струга од 2011 година до денес е 10.600. Само во 2018 година биле поднесени приближно 2.000 такви барања, но постапката за нивна легализација е стопирана поради донесениот мораториум за градба и за легализација.Дополнително Тврдењата на Мерко ги побива фактот дека и струшките угостители имаат добиено решенија есенва да ги срушат платформите.