Комунистичката партија на Грција на Акропол закачи порака „НЕ за Договорот од Преспа“
Foto

Комунистичката партија на Грција на Акропол закачи порака „НЕ за Договорот од Преспа“

Порака против Договорот од Преспа, на грчки и англиски јазик, преку две паноа закачени на Акропол, испратија членовите на Комунистичката партија на Грција.

„НЕ“ за договорот на Ципрас- Заев, за плановите на САД-НАТО-ЕУ, за иредентизам и национализам. „ДА“ за пријателство – солидарност и заедничка борба на народите“, пишува на паното што рано утринава осамна на Акропол, закачено од членови на Комунистичката партија и на подмладокот.

Воедно, тие ги повикуваат граѓаните да учествуваат во анти-империјалистичките протести во Атина, Солун и Лариса, закажани за попладнево.

Фотографиите ги објави информативниот портал „902“, што важи за гласник на партијата. 

0 Коментари

Остави коментари