Кому му пречи крстот во манастирскиот комплекс на Попова шапка?
Општина Тетово не се откажува од тоа дека дека крстот на Попова шапка во манастирскиот комплекс Ссвети Наум е поставен без соодветна дозвола и најавија дека ќе ги почитуваат сите законски процедури.
Оттаму за ТВ 24 велат дека инспекторите го потврдиле нивното тврдење.
- Констатирано е дека земјиштето на кое е поставен крстот е во сопственост на црквата, но од таму немаат побарано дозвола за поставување на крстот. Целата процедура продолжува во рамки на законите. - велат од општината.
Дали само немањето соодветна дозвола за поставување е единствениот проблем кој што го има општината, па дојде ред да се занимава со крстот, кој впрочем е поставен на манастирски имот и претставува верско обележје, прашува Претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
И додека политичарите предизборно најдоа нов мотив за подгревање на политичките тензии, граѓаните со реални прашања.
- 50.000 граѓани се иселиле минатата година, децата немаат учебници, недостига медицински кадар, умираат здрави новороденчиња, компјутери ние ќе им дадеме без гајле. Вие продолжете да се расправате дали ќе има крстови и минариња и чии ќе се повисоки. Таман да има на што да се обесиме ние што се зафркаваме и останавме тука мислејќи дека ќе се опраиме некад. - вели Борче Стаматов од “Донирај компјутер”.
Инаку, крстот е поставен на манастирски имот и прашање е дали било каде во земјава за поставување на крст во двор на манастир некој досега дал дозвола.