Комплетирани тимовите во ЕСМ: Ќерката на Талат Џафери, ќе врши надзор за парното во Скопје

Ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери, Бесиана Џафери Беќири ќе се грижи зимава скопјани да имаат добро парно греење.

ЕСМ ги регистрираше трите компании со кои ќе се пријави на владиниот оглас за превземање на парно-греењето на скопје на местото на Балкан енерџи груп.

Со ЕСМ Снабдување со мандат од 6 месеци ќе управува Месуд Јакупи кој беше шеф на изборниот штаб на ДУИ во Студеничани. Во најважното претпријатие – ЕСМ Производство на топлина за директор е назначен кичевчанецот Златко Пиперкоски, електроинженер кој лани беше разрешен од позицијата директор на РЕК Осломеј.