Комплетен молк зошто Владата во име на ЈПДП позајмила 7 милиони евра од МНАВ
Ниту влада ниту министерство за транспорт и врски не кажува зошто е позајмицата од 7 милиони евра од Македонска навигација МНАВ која беше изгласана на владина седница нa 14 јули, а каде овој заклучок е објавен во табелата само како задолжение на ЈП ДП позајмица.
ТВ 24 се обиде денеска да стапи во контакт со сите засегнати страни но одговор конкретен не добивме откако од Влада најпрво не упатија до Министерството за транспорт и врски а пак од ресорното министерство екпресно топката ја префрлија на адреса на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) кое испратило барање до М-НАВ за одобрување краткорочна позајмица . ТВ 24 се обиде да стапи во контакт и со директорот на претпријатието Коце Трајановски и неговиот кабинет но и од таму без коментар .
Пробавме да стапиме во контакт и со дел од директорите на Управниот одбор на МНАВ но на повикот одговори само директорот Милан Кораќ но веднаш не упати до службата за односи со јавност
Милан Кораќ Диркектор во Управниот одбор на МНАВ
- Јас не сум надлежен за комуникација со медиумите . Има служба односи со јавност која е надлежна за тоа . Ве молам контактирајте ги нив.
Сепак ниту од службата не одговорија на нашите повици .
Во краток разговор поранешната антикорупционерка Биљана Ивановска вели дека мора засегнатите страни јасно и транспарентно да излезат и да кажат за да не се добие впечаток во јавноста дека нешто се прави зад затскриени врати а кое мора д абиде во согласност со законската регулатива но и одобрувањето од меѓународен фактор што во конкретниот случајот се налага.
Денеска за овој заем реагираше и опозициската СДСМ преку соопштение од каде пак наведуваат
СДСМ
- Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ). Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари. Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата – затоа што тоа би било директно признание дека работите се распаѓаат. Сега мора да чека „поволен момент“ за да ги распише. Резултати нема. Економијата е во колапс.
До сега таков случај на позајмување без камата од МНАВ немало а и доколку дојде до таква ситуација МНАВ ќе мора да го извести Еуроконтрол и Европската банка за обнона и развој од каде МНАВ пак има земено кредит за опремување и модернизација . Одлуката за одобрување на кратокорочна позајмица била потпишана на 17 јули а сретствата без камата ќе треба да бидат вратени до 30 ноември 2026 .

