Компаниите со месеци чекаат враќање на ддв

Компаниите со месеци чекаат за поврат на ДДВ, а СДСМ обвинува дека државата влегла во циклус на неликвидност.

Поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи вели дека обврските се доцнат во период кој е многу над законски предвидениот.

Од УЈП тврдат дека раздолжувањето е редовно и дека и лани и годинава вратиле толку колку што се побарувало.

Во меѓувреме, во првите четири месеци реализирани се само 13,6% капитални расходи, што според опозицијата е драматично ниско. Втората половина од годината, според Владата, ќе донесе засилено трошење преку општините и унгарските пари. Од друга страна, Светска банка прогнозира скромен раст од 2,7% или 1 процентен поен под преокциите на Народна банка.

Реализацијата на инвестициите и темпото на раздолжување ќе бидат клучни за економската стабилност во наредниот период.