Комора: Да се поврзат системите за да има една контрола на превозниците од „Отворен Балкан“

Иницијативата „Отворен Балкан“ требаше да ги олесни пробемите, еден од нив брзиот проток на стоки на најфреквентниот граничен премин „Табановце“, но и понатаму се случува проблем со прекин на електрична енергија, работното време на царинскиот терминал и недостиг на соодветен број ленти, велат од Стопанска комора.

Од страна на транспортерите постојано има реакции за секојдневниот прекин во напојување со електрична енергија во траење од 15-тина минути, при што целиот систем се блокира.

Од Стопанска комора посочуваат дека во месец јули, посебната лента за возила од „Отворен Балкан“ не била во функција, а во август функционирала со исклучок на некои денови. Постапките за увоз/извоз се дуплираат на македонската и српската граница поради неусогласеност на системите, а истите се изложени и на двојни проверки пред органите за внатрешни работи од двете страни. 

Царинската контрола која се спроведува на граничниот премин -истите податоци се проверуваат и од српска и од македонска страна. Ѓуриќ упатува дека на следните состаноци ќе инсистираат во рамки на иницијативата на „Отворен Балкан“,  да има поврзување на системите.

- Сега физички се кабина до кабина, но тоа не значи дека контролата ја прават заедно. Суштината на спроведување на заедничките контроли подразбира, со доаѓањето на одреден камион доколку едната служба е информирана за каков вид на стока се работи, ако е исконтролирана од страна на една служба -зависно дали влез/излез дали тоа ќе биде од македонска или српска страна со тоа  процесот да заврши, а не иако се физички едни до други проверката да биде и од српска страна и од македонска - велат од Стопанска комора.

Вкупната фрекфенција на граничниот премин во јули и август 2022 е околу 60.000 транспортни возила, без да се евидентираат товарните возила кои транзитираат. Секој ден има колони на товарни возила, во повеќето денови се 2км со 30-40 транспортни возила на самиот граничен премин.