Комитет на Европарламентот прифати петиција за поддршка на Македонија и македонското малцинство во Бугарија
Foto

Комитет на Европарламентот прифати петиција за поддршка на Македонија и македонското малцинство во Бугарија

Европскиот парламент отвара истрага против Бугарија за македонското малцинство за да провери дали постои кршење на човековите права.

Ова доаѓа како одговор на иницијативата на бугарскиот новинар Михаил Михајлов Стефанов а потписот на одобреното решение го ставил  Долорс Монт - серат, член на Комисијата за петиции на Европскиот парламент.

Бугарскиот новинар во кратката изјава вели дека оваа иницијатива ќе служи и како поттик на другите партии во Бугарија за да ги почитуваат човековите права. Поранешниот амбасадор пак на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев во интервју за Дојче веле токму на оваа тема вели дека:

Ако Бугарија претендира дека има македонски граѓани со бугарско етничко потекло, и Македонија има право да бара почитување на бугарските граѓани кои се изјаснуваат дека се Македонци по род.

Иницијативата која ја испрати бугарскиот новинар а ја одобри Европскиот парламент ќе биде испратена и до двете земји кои се засегнати со ова порашање, односно Македонија и Бугарија.

0 Коментари

Остави коментари