Комисијата за здравство едногласно даде зелено светло за поедноставување на концесиите за матичните лекари

Се поедноставуваат процедурите за доделување концесии на матичните лекари.

Со новите предлог-измени во законот за здравствена заштита, во случај кога лекарот се пензионира, а во ординацијата работи и друг тим, чиј работен стаж е најмалку една година, тогаш јавната здравствена установа нема да мора да спроведува постапка за давање на просторот и опремата под закуп туку ќе биде потребна само одлука на управниот одбор од установата и писмена согласност од министерството за здравство.

- Со овој закон сега се се дава предност на вториот тим во ординациката доколку работел најмалку една година во истата да може да конкурира за користеење на просотрото и опремата под закуп. - вели Ненад Коциќ пратеник од СДСМ.

Опозицијата пак со критики дека овие измени во корист на матичните лекари требало многу порано да се донесат, а како што рекоа власта пред заминување во последната година одлучила да направи нешто за фелата.

- Ќе ве потсетам дека ова барање го имавме поднесено пред две години исто по барање на матичните лекари но тогаш се изгуби низ собраниските лавиринти затоа што тогашнииот министер сакаше да оди заедно со законот за марихуана со законот за приватизација на трансплантација и така тој закон не помина. - вели Олга Лозановска пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку поедноставувањето на процедурите со концесиите е едно од долгогодишните барања на Здружението на приватни матични лекари (ЗПМЛ) од каде што со години наназад бараа да нема застој во преземањето на дејноста за да нема и дисконтинуитет во лекувањето на осигурениците.