Комисијата за употреба на имињата даде негативно мислење за името на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“
Комисијата за употреба на имињата даде негативно мислење за името на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов а министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое како неосновано се одбива барањето за користење на името ,,Иван Михајлов” во називот на бугарскиот културен клуб во Битола.
Бугарските клубови сега се обврзани да побараат пререгистрација со ново име или во спротивно им се заканува укинување.