Комисијата за надзор на работата на АНБ утре ќе одржи седница, со неа ќе претседава Скeндер Реџепи
За утре и официјално е закажана седницата на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и истата ќе ја отвори претседателот на ова тело Скендер Реџепи . Целта е да се дефинира терминот кога членовите на оваа комисија ќе ја посетат АНБ иако тоа се очекува да биде биде уште во текот на утрешниот ден веднаш по завршувањето на седницата како што и претходно објави ТВ 24 . Сепак проблемот со сертификатот кој го нема пратеникот Скендер Реџепи останува и доколку комисијата расправа за посериозни теми истата ќе ја води Славјанка Петровска која пак веќе посочи дека е спремна во било кое време за тоа . Собранискиот спикер Гаши на денешниот брифинг со новинарите не даде одговор зошто Реџепи веќе една година чека одговор за добивање на сертификатот иако поднел барање до АНБ .
Африм Гаши Претседател на Собрание на Р.С.М
Ова е прашање на кое одговор ќе треба да даде АНБ . Собранието нема никаква врска со тоа . Пратеникот испратил барање за сертификат но може подобро е и тој да даде одговор на ова пашање до кај е процедурата и дали добил било какво известување или одговор .
Скендер Реџепи веќе извесен период и на пресконференции укажуваше дека веќе една година чека одговор од АНБ а претходната недела пропаднаа и неколку обиди за одржување на седницата иако неколку пати беше најавувана. Покрај проблемот со безбедносниот сертификат Реџепи рагирше дека собранискиот спикер Гаши направил деловнички превид и кога ја свикал седницата не поднел барање до претседателот на ова тело а Гаши денеска се правдаше дека ја свикал седницата по барање на група пратеници со цел да не се кочи работата .
Партиите пак и денеска со свои ставови но и очекувања за тоа каков ќе биде исходот од утрешниот ден откако СДСМ бараше декласификација на документите а ВМРО ДПМНЕ пак обвинуваше дека опозицијата самата се заплеткува со таквите барања.
Вчера на свечената седница по повод денот на независноста и премиерот Мицкоски во врска со оваа тема испрати порака дека работите не можат така да продолжат и дека некој мора да сноси одговорност .

