Комични квалификации во Монца, пол-позиција за Леклер
Foto

Комични квалификации во Монца, пол-позиција за Леклер

Шарл Леклер ја освои пол-позицијата во Монца, за него четврта во кариерата, во едни од најчудните квалификации во Формула 1. Пуленот на Ферари доби, без малку, подарена пол-позиција, бидејќи во финишот на квалификациите се случи комична ситуација. 

Сите болиди тактизираа, калкулираа и чекаа до последните две минути за да излезат на патеката, арно ама дури да се поредат на асфалтот и да дојдат до стартната линија за да почнат летечки круг – времето за квалификации заврши! Никој повеќе не смееше да вози (освен Леклер и Саинц), па важечки останаа времињата кои беа поставени претходно во сесијата, а според нив најдобар беше Шарл Леклер, со резултат 1:19.307. 

Утеха за Мерцедес е тоа што Луис Хамилтон се најде на втората позиција, а Валтери Ботас на третата, додека Себастијан Фетел ќе почне дури четврти. Рикардо, Хулкенберг, Сајнц, Албон, Строл и Раиконен ја дополнија првата десетка. 

Еден од конкурентите за победа, Макс Ферстапен, се откажа поради дефект уште во првата сесија, но тој и онака ќе почне од опашката на стартниот поредок, поради казна. Таква казна, за промена на нова погонска единица имаат и Ландо Норис и Пјер Гасли. 

Трката утре почнува во 15 часот и 10 минути, со директен пренос на Телевизија 24, а дотогаш Хамилтон води со 268 бода, пред Ботас со 203 и Ферстапен со 181.

0 Коментари

Остави коментари