Комерцијалните банки ја пресметуваат провизијата за фирмите од унгарските пари

Банките денеска треба да се договорат која ќе биде провизијата што ќе ја наплаќаат на фирмите за кредитите од парите од Унгарија кои ги обезбеди Владата. Според информациите од Министерството за финансии, компаниите нема да бидат ограничени во однос на висината на сумата која ќе ја побараат.

Односно, доколку една компанија има намера да подигне кредит од 100 илјади евра, тоа ќе го стори во некоја од банките кои ќе земат учество во овој проект и таа комерцијална банка на фирмата ќе и ги обезбеди од Македонската развојна банка.

„Рокот си остана и голем дел од банките си кажаа дека апсолутно нема проблем. За давање до три години грејс период и до 15 години - односно 12 години дополнителна отплата. Во однос на каматната стапка секоја од нив имаше свои предлози и ги замолив денес да се договорат и да дадат конечен предлог кој ќе биде понизок од 3,25%.“ - Гордана Димитриевска Кочоска министерка за финансии.

Експертите остануваат на ставот дека овие пари се многу битни за македонската економија, но првенствено тие се земени да дадат резултат, и затоа мора јавноста да биде внимателна и со силно внимание дфа го следи процесот на трошење на овие пари. Овие 250 милиони евра доколку правилно се искористат бхенефит ќе има државата, но доколку тоа не се случи, последиците ќе бидат позабележителни.

„Јас сум да се искористат овие средства, да не седат во чекмеџето, условно кажано но да се пуштат во пазарот, но со одредено строго наменски цели.“ - Арбен Халили универзитетски професор.

Неколку дена по ред премиерот Христијан Мицкоски им порачување на комерцијалните банки да донесат општествено одговорна одлука со која би направиле некаква отстака во однос на нивната заработка во целиот овој процес на кредитирање. Ваквиот начин на комуникација ги подели експертите, за едни тоа беше вршење на притисок врз пазарното работење, а за други пак чиста комуникација која треба да ја има стопанството со извршната власт.