Комеморативна седница по повод трагедијата во Цетиње

Со едно минутно молчење  започна комеморацијата во Цетиње на која  присуствуваа семејствата на жртвите, претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазовиќ, претседателката на Собранието Данијела Ѓуровиќ, локални претставници, како и неколку министри.

Трагедијата  во која животот го загубија 11 лица во петокот, е предупредување до сите да направат се за да не се повтори такво нешто, изјави пред присутните градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ.

- Нашиот град го обзеде тага и шок, што невини жртви загинаа без никаква вина во бесмислен напад. Со особена почит ќе се сеќаваме на нашата Наташа и нејзините ангели Машан и Марко, нашите Даница, Димитрије, Рајко, Александра и Мила, Митра, Горан. Нивните брутално прекинати животи остануваат дел од нашите сеќавања, но и предупредување до сите да направат сè за никогаш повеќе да не се повтори ваков трагичен настан. - изјави Никола Ѓурашковиќ градоначалник на Цетиње.

 Цетиње е завиено во тага како никогаш досега, кажа потпретседателот на собранието, Мирко Станич.

- Цетиње како никогаш досега е обединето во болка со искрено чувство на тага што не засега сите нас, нема зборови за утеха за семејствата. Цетиње во оваа тага не е само, тагува цела Црна Гора. - изјави Мирко Станиќ.

По комаморација пред преставниците на власта присутните побараа од  претседателот Ѓукановиќ и премиерот Абазовиќ, Ненад Калуѓеровиќ кој го уби Бориловиќ за да му стави крај на масакрот да биде поштеден од властите и да не му се суди за убиство. 

- Ве молам, ве молам вас од власта поштедете го Ненад Калуѓеровиќ и дозволете да се врати дома кај своите деца да не останат без татко по втор пат. Ослободете го човекот кој гозапре крвавиот маскр. Ве молам да не одговара за било какво кривично дело. - изјави Тиодор Радуновиќ.

По неговото обраќање во салата се слуша аплауз и изјави со поддршка. Инаку претседателот Мило Ѓукановиќ во Цетиње покрај комеморацијата беше да ги посети во болница и повредените од крвавиот настан.  Во престрелката што се случи во петокот во населбата Медовина во Цетиње,  загинаа 11 лица, меѓу кои и напаѓачот Вук Бориловиќ, а шестмина беа повредени.