Комеморација за жртвите од „Пулс“ на Петровден
Во Кочани овој Петровден, инаку патрон празник на градот, наместо да се пее и празнува, се молчи и се тагува. На вчерашната комеморација во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, организирана од Општина Кочани со поддршка на Црвен крст, граѓаните оддадоа почит со минута молк.
Блиските на жртвите, облечени во црно, симболично, пуштија 62 бели балони кон небото.
Низ кочанските улици, пак, се одржа и четиринаесеттиот по ред „Марш за ангелите, организиран од граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“, кое обединува околу 80 луѓе, претставници на 38 семејства на загинати во пожарот.
Маршот помина во молк и без официјално обраќање, како и секоја сабота по трагедијата.

