Колку вреди македонската плата во услови на сè поголема инфлација?

Жешка борба со бројки и економски показатели се води деновиве на политичката сцена, додека инфлацијата си го зема данокот.

За да се покаже во чие време се живеело подобро и кој има(л) поголеми успеси на планот на економијата се „пука“ со сите средства, од податоци на Евростат, соопштенија на Светска банка, извештаите на ЕУ за напредокот на земјата, а се прават дури и лични анализи. Премиерот Мицкоски и денес ја спореди својата Влада со претходната и порача дека платите растат, инфлацијата во јули се спуштила на 2,3 %, пензиите се повисоки, а економијата бележи раст. 

Но, од друга страна пак кредитите растат двојно побрзо од депозитите. Според најновите податоци на Народната банка, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за 0,8%, а на годишно ниво за дури 13,3%.

Две минимални плати не се доволни за да се протурка месецот, се жалат граѓаните.”Од СДСМ пак веќе најавија дека повторно ќе го поднесат во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и сè потешко ги покриваат основните потреби.

И понатаму Македонија останува со една од најниските минимални плата во регионот.“