Колку се транспарентни институциите - Зелениково, Арачиново и Лозово најзатворени за јавноста

Активната транспарентност на македонските институции за 2023 година бележи скок од 3 % поени кој лани бил 73 % за сега да е 76 покажува истражувањето на центарот за граѓански комуникации кои го спроведуваат секоја година во рамки на проектот „Мониторинг на јавните набавки“.

Транспарентноста кај министерствата е во мирување, локалните самоуправи со минимално подобрување покажува извештајот на ЦГК.

Својата активна транспарентност годинава ја подобриле 54 % од институциите за разлика од лани кога се подобриле 81 % од општествените органи. Истражувањето е спроведено врз основа на претходно изработени методологија и структурирани прашалници за состојбата на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите на интернет-страниците на институциите.

На врвот од листата се министерството за одбрана и Владата како институција, а граѓаните на Велес и Гевгелија биле информирани речиси за сите активнисти кои се оценети со 98,6 отсто транспарентност. Зелениково, Лозово и Арачиново се трите општини кои најмалку објавувале информации достапни за јавноста.

По региони оваа година на прво место изби Источниот 83%, на последно е Скопскиот со 66% активна транспарентност.

Најмалку информации сите институци објавуваат околу финансиите, влошување на состојбата се бележи и кај одговорите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер општините во просек им е потребно 16 дена, на министерствата 19 т.е четири дена повеќе од лани покажува анализата на Центар за Граѓански комуникации.