Колку пари потрошиле општините и институциите за новогодишни пакетчиња?

72.000 евра потрошиле институциите и општините за новогодишни пакетчиња годинава- анализира центарот за граѓански комуникации.

Се очекува сумата да биде  поголема вредност бидејќи дел од  институции сѐ уште ги немаат објавено договорите. Анализата на центарот за граѓански комуникации покажува дека тендери за  пакетчиња имале 20 институции, а  37  купиле пакетчиња без примена на законот за јавните набавки.

Најмногу пакетчиња, 3.274 купила општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена... Блиску е и општина Прилеп со 3.030 пакетчиња.

Најслапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче.

Вкупно најмногу пари за пакетчиња, пак, потрошил град Скопје – 10.000 евра....