Колку мирниот старт на работата на Собранието е затишје пред бура?
Иако најавуваа блокади особено на законите кои се косат со охридскиот рамковен договор сепак денеска на првата пленарна седница по доморите албанскиот опозициски блок беше тивок . Сепак не изостанаа процедуралните забелешки од страна на опозициската СДСМ во неколку наврати откако координаторот Оливер Спасовски реагираше дека се закажуваат седници на комисии на уште не утврден дневен ред на пленарката но и дека од 54 закони којсе најдоа денес на дневен ред 45 се по скратена постапка . Собранискиот спикер Гаши пак ја прифати забелешката во делот на комисиските тела
Иако СДСМ и претходно обвинуваа дека постои интерен договор меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за сценарио за блокади со цел да се предизвикаат предвремени парламентарни избори преку кои интегративците би влегле на Илинденска премиерот Мицкоски денеска одби да ги коментира овие гласини изјаснувајќи се дека не мора да се коментиора се и сешто кое излегува од партиските кујни но и оние на пратеничките групи во собранието . Од Левица пак велат не би биле изненадени да постојат било какви договори за предвремени избори но не само меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ туку и со опозициската СДСМ иако велат не гледаат ништо спорно во процедуралните забелешки
На денешната прва седница по одморите на народните избраници на дневен ред се најдиоа 54 точки од кои 45 по скратена постапка но ниту еден од законите не е од оние кои се носат со бадентер. Такви закони се 3 во сферата на образованието, еден за локална самоуправа, еден за правична застапеност и неколку десетици кои се однесуваат на раководните функции кои ќе чекаат подобри времиња и политичка воља .

