Колку и дали е Македонија отпорна на хибридни и закани конструирани со вештачка интелигенција
Владата ќе ја јакне одбраната од хибридни закани преку обука на администрација, специјализирани програми за полицијата и Армијата – како и програми за медиумска писменост.
Премиерот Христијан Мицковски смета дека е поминато времето кога институциите се зависни од одредени поединци.
Нашиот национален интерес е јасен, мора да изградиме систем кој ќе препознае, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално, дополни Мицковски
На конференцијата ,,Хибридни и информациски закани амбасадорот на Обидинетот кралсство Метју Лосон - изјави дека нивната земја ќе ја поддржи Македонија во борбата против странските како што рече манипулатори кои ги уриваат демократските вредности .
Метју Лосон Амбасадор на Обединето Кралство
- Имаме голем број на дезинформации, а граѓаните се почесто не можат да ги препознаат. Затоа ние одлучивме да склучиме партнерство со владата о и со невладиниот сектор. Ние ни цела Европа особено кај сите сојузници на НАТО каде борбата против манипулациите е многу важен дел.
Од Институтот за комуникациски студии велат дека Македонија е многу ранлива на хибридните закани - ако се земе предвид нејзината положба каде се вкрстуваат голем број на стратешки интереси.
На конференцијата беше најавена владина платформа за редовна соработка со истражувачки центри, универзитети, медиумски здруженија, граѓански организации и приватниот сектор.

