Колективниот имунитет од Ковид-19 за Македонија е мисловна именка
Foto

Колективниот имунитет од Ковид-19 за Македонија е мисловна именка

Македонија е се уште далеку од колективен имунитет. Иако процесот на вакцинација се одвива нормално, тоа што 38% од граѓаните примиле една, а 35% две вакцини, покажува  дека нема да дојде до ослободување од мерките.

Вакцинацијата започна на 17 февруари годинава и заклучно со 13 октомври вакцинирани се вкупно 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани.

Вчера и во вторникот аплицирани се 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 како прва доза, а 7.281 се ревакцинирани. 196 граѓани примиле трета доза вакцина. 

Македонија е постојано високо на листата по смртност во Европа и светот. Во моментот смртноста од Ковид е 3,5 што е  над светскиот просек кој во моментот изнесува 2 одсто.. Надлежните постојано апелираат граѓаните се вакцинираат, но доцнењето со масовна вакцинација и отпорот кај дел од граѓаните го направи своето.

0 Коментари

Остави коментари