Колегите на Коби Брајант се простуваат од него
Foto

Колегите на Коби Брајант се простуваат од него

Стотици навивачи на Лос Анџелес лејкерс излегоа пред „Стејплс центар“ да му укажат последна почит на нивниот миленик и една од најголемите ѕвезди во историјата на клубот, Коби Брајант.

Четириесет и едногодишниот НБА кошаркар Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Тој полетал со неговиот приватен хеликоптер заедно со неговата ќерка Џиана, уште шест патници и пилотот. Ниту еден од патниците не ја преживеа несреќата по падот на хеликоптерот во Калабасас, Калифорнија.

НБА и денеска имаше натпревари На мечот Хјустон-Денвер, кошаркарите не можеа да ги заддржат солзите во една траорна атмосфера.

Натпреварот Торонто-Сан Антонио пак почна на необичен начин – двата тима решија да не играат во првите 24 секунди од мечот поради Коби.

Леброн Џејмс беше снимен како растревожен со плачење го напушта тимскиот авион на Лос Анџелес Лејкерс. Според присутните, Леброн е во шок, токму вчера тој го помина Коби Брајант на вечната листа на поентери во НБА. иако на паркетот беа ривали, приватно беа големи пријатели. Леброн го престигна Коби и го потистна од третата позиција на листата на сите времиња на поентери во НБА-лигата. Тој има 33.655, а Коби остана на 33.643.

„Продолжуваш да ја движиш играта нанапред. Многу почит брате мој“, напиша Брајант.

Токму на Леброн, Коби му го посвети неговиот последен твит. Симболично, му ја предаде палката на неговиот наследник не само во дресот на Лејкерс, туку најголема суперѕвезда во светот на кошарката.

Коби Брајант беше добар пријател и со Новак Ѓоковиќ. Српскиоте тенисер пред само неколку дена изјави дека разговорите со легендарниот кошаркар му помогнале да го преброди најтешкиот период од кариерата.

Меѓу илјадниците светски спортисти кои вечерва се збогуваат со Коби е и најголемиот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. „Летечкиот Џордан“, скршен од болка изрази сочувство до неговата сопруга и до навивачите и управата на ЛА лејкерс.

„Во шок сум од веста дека Коби и Џиана Брајант загинаа во трагична несреќа. Мојата болка не може да биде опишана со зборови. Го сакав Коби, ми беше како помал брат. Често разговаравме и дека тие наши конверзации многу ќе ми недостасуваат. Беше бестрашен натпреварувач, еден од најголемите во кошаркарскиот спорт. Истовремено, беше неверојатен татко, кој многу си го сакаше семејството и кој беше горд што неговата ќерка Џиана беше вљубена во кошарката“, напиша Џордан во изјавата за медиумите.
 
И големиот Меџик Џонсон беше еден од легендарните кошаркари од славната американска генерација и првиот „дрим тим“, кој на социјалните мрежи се прости од својот пријател посочувајќи дека не може да престане да плаче откако ги слушнал ужасните вести.
„Се обидувам нешто да напишам, ама мозокот ми лета. Не ми се верува, цело утро плачам после ужасните вести дека Коби и неговата млада ќерка Џиџи загинале во хеликоптерска несреќа. Сршени сме со Куки“, објави Меџик.
 

Легендарниот Шекил O'Нил кој во добар дел од својата кариера играше заедно со Коби Брајнт е облиен во тага по трагичната вест за својот пријател.

„Нема зборови со кои можам да ја опишам болката низ која поминувам поради оваа трагедија во која ги изгубив мојата убава Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Ве сакам, ќе ми недостасувате. Моето сочувство оди до фамилијата на Брајант и до дамилиите на другите патници. Тешко ми е“, напиша Шекил О'Нил.

На натпреварот од Француската лига помеѓу екипите на Лил и ПСЖ, бразилецот Нејмар постигна два гола, а при „прославата“ на едниот од нив го покажа бројот 24 со што му оддаде последна почит на НБА легендата Коби Брајант.

Неверување за трагичната вест доаѓа и од филмскиот и политичкиот свет, каде актерите и политичарите на Твитер се простуваат од нивниот Мамба. Посебна почит му се одаде и на доделувањето на музичките награди Греми, кои се доделуваат вечерва во Стејпл центарот каде се собрани многу обожаватели на трагично загинатата легенда.

0 Коментари

Остави коментари