Коха: Постигнат договор за премиерското место - за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ
Foto

Коха: Постигнат договор за премиерското место - за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ

Според весникот Кога коалицијата СДСМ - Беса ќе го земе коалицискиот партнер ДУИ на Али Ахмети, а дел од владата ќе бидат и ДПА. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.

Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за премиерското место - за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ.

Сепак, на својот фејсбук профил Артан Груби од ДУИ објави дека има договор за мнозинство, и за албанец премиер, но пишува, дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните.

Тој вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто, ќе ја известат јавноста.

0 Коментари

Остави коментари