Која е вредноста на државните компании кои власта сака да ги продава?
Foto

Која е вредноста на државните компании кои власта сака да ги продава?

Продажбата или јавното-приватно партнерство кое Владата го подготвува за големите државни загубари ќе донесе повеќе бенефит за државата отколку штета, смета стопанственикот Горан Рафајловски.

Според него, добро е што владата се ослободува од сопственоста на овие компании, бидејќи се очекува новите газди или партнери да помогнат компаниите да ги донесат на нормално профитабилно ниво или на ниво кое што е подносливо за работа. 

Минатот месец Владата најави дека големите загубари како транспортот на Македонски железници, поштата и прилепски Еурокомпозит, но и компании како ТЕЦ Неготино ќе се нудат или на продажба или ќе се бара стратершки партнер по моделот јавно-приватно партнерство. Железничкиот транспорт е најголем загубар, со доспеани обврски од 60 милиони евра, а до крајот на годината за плаќање ќе доспеат уште 7,8 милиони евра. Во првите 30 загубари е и Македонска пошта, која должи 2,2, а до крајот на годината овој долг ќе достигне речиси три милиони евра.

Премиерот Зоран Заев на синоќешната дебата на јавниот сервис рече дека со продажбата на загубарите државата планира догодина да финансира дел од буџетските потреби. Опозицијата пак вели дека со продажба на овие задолжени и девасирани компании, тешко дека ќе се донесе голем профит за буџетот. За стопанственикот Рафајловски, токму партиите во овие компании со години гледаа место за вдомување на партиските кадри.

Колкави се потенцијалите на загубарите за кои ќе се бара решение преку надворешен капитал, ќе се знае откако ќе се направи анализата. Таа треба да покаже кој модел на приватизација за која компанија ќе се одбере. Македонска пошта веќе поодамна ја мерка државната поштна Словенија, но премиерот Заев откри сека во игра се и компании од Австрија, Романија и Чешка.

Во меѓувреме, транспорот на железници и пошта добиваат нови директори, кои треба да ги подготват компаниите за продажба.

0 Коментари

Остави коментари