Која беше Илинка Митрева?

На 72 годишна возраст во Скопје, почина Илинка Митрева, универзитетска професорка, поранешна министерка за надворешни работи и поранешна пратеничка од СДСМ. 
Од 1994 до 2001 година беше пратеничка на СДСМ во македонското собрание. Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министерка за надворешни работи. Во овој мандат ќе биде забележана по повторното воспоставување на односите со Народна Република Кина, откако претходно владата на Љубчо Георгиевски со потегот за признавање на Тајван ги наруши односите со Кина. 
Во нејзиниот богат политички опус, Митрева ќе остане запаметена како политичарка која беше омилена на светските политички авторитети. Една од ретките македонски политичарки кој влегле во овалната соба на тогашниот американски претседател Џорџ Буш. Со Колин Пауел, поранешен американски државен секретар пиеше чај во неговиот дом. На поранешниот биртански премиер Тони Блер му порача: „Не заборавајте ја Македонија“, на што Блер ѝ одговори: „Македонија ќе добие божиќен подарок“ и тогаш во нејзино време Македонија се здоби со кандидатски статус за влез во ЕУ. Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО, не штедеше комлименти за Митрева. Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони едноставно ја обожуваше, заради политичката интелегенција, зборувањето италијански јазик. Сергеј Лавров со пиетет говореше за неа и сакаше да ги слуша нејзините видувања. На секој голем настан кога ќе говореше Мтрева, Лавров и Пауел задолжително ја слушаа. Рускиот шеф на дипломатијата Лавров при неговата посета беше пречекан токму од Митрева. Таа секогаш инсистираше кога некој странски политичар ќе ја посети Македонија задолжително да биде пречекан со македонски специјалитети. Инаку, во последните нејзини јавни настапи Митрева говореше дека местото на Македонија е во ЕУ, но не по секоја цена, алудирајќи на македонско - бугарскиот спор.
Митрева беше професор по француска книжевност на катедрата за романски јазици и книжевност. Автор е на повеќе стручни и научни трудови. Одликувана е со три ордени на француската република во 1998 и 2016 година, и третиот највисокото француско одличје – „Витез на Легијата на честа” во 2021 година.