Кој влезе, а кој извиси на заменичкиот воз?
Foto

Кој влезе, а кој извиси на заменичкиот воз?

Речиси еден месец по гласањето на новата влада комплетиран и вториот ешалон во власта. Предложените кадри главно од коалициските партнери. Кој влезе, а кој извиси на заменичкиот воз? Што ќе донесат промените во партиското јадро на опозициската ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски ќе успее да ја бетонира својата позиција или само ќе го разгори огнот на незадоволството во своите редови?

И на надворешен план, тектонски размрдувања. Земјава цврсто решена да стане просперитетна европска демократија. Меѓународната заедница дава поддржувачки сигнали за почетокот на пристапните преговори како еден од врвните приоритети на германското претседателство со ЕУ.

Непопустливост кон идентитетските прашања ги лутат Брисел и Берлин. Дали и што ќе прифати ЕУ како перцепција за историските вистини. Во отврено дебатира Сафет Бишевац, Љубиша Николовски и Алберт Муслиу.

0 Коментари

Остави коментари