Кој ќе управува со расположливите 500 000 евра и очекуваните 890 000 евра на ИСОС

Заврши мандатот на членовите на Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители кои во својот 5 годишен мандат евидентираа и регистрираа 9.100 сметководители и овластени сметководители како и 1.850 лиценци за правни субјекти за вршење на сметководствени работи.

„На жиро сметките на Институтот на располагање се парични средства во вкупен износ од 27 милиони денари, а се очекуваат дополнителни приходи по основ на членарини, приближно 84 милиони денари. Институтот во изминатиот период даде сериозен допринос во насока на измени на постоечкиот закон како и подготвување и донесување на нов закон, и во однос на правата на сметководителите и унапредувањето на професијата.“ - се вели во соопшението на ИСОС.