Кој ќе одговара за хакерскиот напад во ДИК?
Foto

Кој ќе одговара за хакерскиот напад во ДИК?

Државната изборна комисија поднела дисциплинска постапка против вработен во комисијата откако на 15 јули годинава, на денот на изборите веб страницата на ДИК не беше во функција неколку денови. 

Претседателот Оливер Деркоски денеска на прашање на ТВ 24 дали секторот за информатика во ДИК дозна кој ја нападнал страницата на комисијата, меѓу другото рече дека е изготвен извештај со првичните сознанија но бидејќи не бил задоволен од резултатот го вратил на дополнување во стручните служби. 

Тој останува на тврдењето дека техничкиот проблем што настана ноќта на 15 јули никако не влијаел на изборните резултати. 

Деркоски уште уверува дека личните податоци на гласачите од Избирачкиот список се 100 отсто сигурни откако Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна комисија, при вонредната супервизија поради хакирањето на веб-страницата на денот на одржување на изборите.  

Државната изборна комисија на дешената седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари. Наспроти ова, членовите на ДИК се откажаа од бонусите и дополнителните надоместоци што по закон им припаѓаат.

0 Коментари

Остави коментари