Кој ќе ја одредува цената на струјата?

Приватната енергетска компанија ЕВН добива дел од ингеренцииите за пресметка на електричната енергија која ќе ја трошат и плаќаат граѓаните. Регулаторот вели крајниот збор го има ЕВН но министерот за економија Крешник Бектеши вели дека пресметката пред да биде објавена мора да ја аминува Регулаторната комисија за енергетика. Од Владата уверуваат дека цената на електричната енергија за домаќинствата нема да се зголемува.