Кој ќе биде македонски судија во Стразбур?

Почна интервјуирањето на кандидатите за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Како што информираа од уставниот суд  интервјуата биле на англиски и француски јазик, а поради зголемување на транспарентноста, процесот бил набљудуван од независни претставници. 

Кандидатот за македонски судија во Стразбур адвокатот Јордан Апостолски кој беше пријавен и на првиот оглас за судија  рече дека не добил никаков одговор од владата за тоа зошто на првиот оглас беше одбиен со образложение дека не ги исполнува критериумите.

Тонско Јордан Апостолски, адвокат 01 05 01 26 и 01 41 01 55 

Се пријавувам бидејќи сметам дека заслужувам да бидам на листата на кандидати. Добив поддшка и од адвокатската комора, од моето семејство и решив да одам до крај. Не добив одговор од владата и нема никаква одлука дека јас не ги исполнувам критериумите така да бидејќи не добив одговор решив пак да се кандидирам.

Адвокатот Тони Менковски пак за Телевизија 24 вели дека интервјуата поминале во најдобар ред и нема никакви забелешки за тоа како тече цел процес.

Хибрид Тони Менковски, адвокат

Интервјуата беа во најдобар ред. Комисијата се ионтересираше за моето познавање на во Европскиот суд за човекови права, за препораките. Немам никакви забелешки. Интервјуто беше на македонски, англиски и француски јазик. Јас како кандидат за интервјуто немам забелешки.

Комисијата за избор на нов судија, во просториите на Уставниот суд, покрај интервјуата на единаесетте селектирани кандидати дискутирале и за двете претставки упатени до ДКСК за потенцијален судир на интереси помеѓу претседателот на Комисијата Дарко Костадиновски и еден од кандидатите од селектираната листа за интервјуа.

- По образложување на аргументите и фактите во смисла дека во конкретниот случај не може да стане збор ниту за пристрасност ниту за потенцијален судир на интереси, предлогот за изземање на претседателот Костадиновски не беше прифатен од членовите на Комисијата.

Резултатите од спроведените интервјуа треба да се достават до Експертскиот панел на Советот на Европа, откако ДКСК ќе одлучи по приговорите. 

На вториот оглас за избор на судија не конкурираа обвинителката Ленче Ристоска и судијката Габриела Гајдова откако Владата без да ги образложи причините , кажа дека тројцата кандидати  меѓу кои беше и Јордан Апостолски кои го помина филтерот на комсијата не ги исполнуваат причините  и си избра нова комисја, без воопшто да ја прати листата во Стразбур.

На вториот оглас за избор на македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур пријавени беа 20 кандидати, а само 11 од нив го поминаа првиот филтер на Комисијата.