Кој ја блокира, а кој не работата на Собранието?

Народните избраници никако да се соберат на работа, блокирана работата на Парламентот, заглавени закони, собраниската агенда празна. Спикерот  Џафери без кворум нема да свика седница, ги праша неговите колеги - дали си ја заработуваат платата?

Пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања кој ја блокира, а кој не работата на Собранието? Дали граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари или законот за државјанство ќе ги остави сити?

Дебатираа шефовите на пратеничките групи, Јован Митревски од СДСМ, Никола Мицевски - ВМРО-ДПМНЕ, Арбр Адеми од ДУИ и Скендер Реџепи од Алијанса на Албанците.