Кој и кога треба да прими трета доза вакцина?
Третата бустер доза на вакцина против Ковид подобро ако е различна од првите две заради подобар имунолошки одговор на организмот иако може да биде и од истата, објаснува за ТВ24, проф. др Лилјана Стевчева, имунолог со над 20 годишно искуство во САД, во областа на имуниот одговор кон вирусите и вирусните вакцини.
Со ова таа одговори на дел од граѓаните кои се во дилема дали да примаат Фајзер за трета доза и се интересираат за вакцинација во Србија.
Сепак, др. Стевчева вели-нејасно е зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години.
Досега трета доза примиле 43 376 граѓани. Интересот кај граѓаните за вакцинација со трета доза е многу поголем отколку за прва и втора доза, кој опаѓа. Во последните четири дена аплицирани се 1706 од прва доза, ревакцинирани се 1899, а трета доза примиле 4590.