Кој и како ќе ги троши парите од унгарскиот кредит?

Компаниите нема да смеат да рефинансираат стари кредити со пари од унгарскиот кредит, децидна е министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Сепак, државата нема да врши контроли каков тип на проекти ќе бидат подржани со унгарските пари кои треба да ги враќа народот, ризикот вели министерката е за банките.

Од денеска започна потпишувањето на договорите помеѓу развојната банка и комерцијалните банки.

„Ние зборуваме за унгарскиот кредит бидејќи таму сме потпишале договор, не рефинарсирање нема да може да се прави тоа е јасно напишано и во договорите кои што ги потпишавме со развојна банка а еве веќе и во моментот стигна информација до мене додека траеше брифингот со новинари дека веќе и директорот на развојна банка ги потпишува рамковните договори со комерцијалните банки нели кои што ќе учествуваат во овој процес.“ - Гордана Димитриеска Кочоска министерка за финансии.

Информациите до кои дојде ТВ24, велеа дека дел од бизинис елитата преговара со челните лица на банките, па има опција дел од кредитите кои им се земени од таа банка да може да ги рефинансираат со пари од унгарскиот кредит и на тој начин да ја подобрат соработката. На ваков ризик предупреди и извршната директорка на фајненстинк Благица Петрески.

„Доколку постои ситуацијата каде што инвестицијата започната, инвестицијата била планирана, каде што се земени некакви кредити за финансирање на таа инвестиција, и сега постои тенденција - потенцијална тенденција и ризик само да бидат рефинансирани старите кредити, а инвестицијата веќе била планирана и во тој случај нема да ја исполниме крајната цел.“ - Благица Петрески извршна директорка на Finance Think 10.49 аргумент.

Според очекувањата на банкарскиот сектор, до крајот на овој месец треба да завршат сите адмнинистративни и бирократски процедури кои што ќе ги имаат со државата, потоа ќе ги очекуваат апликациите од компаниите со нивните бизнис проекти кои ќе треба да ги подржат со унгарскиот кредти.

Од прилика една евалуација на бизнис план од страна на банките трае од неколку дена па нешто повеќе до две недели. Ако се ова се стави на хартија може да се пресмета дека дадена компанија доколку утре аплицира за кредит што е тешко изводливо, парите би ги добила најрано во март месец.