Кој е виновен што граѓаните не се придржуваат до протоколите?
Foto

Кој е виновен што граѓаните не се придржуваат до протоколите?

90  одсто од угостителските објекти во Струмица не ги почитуваат владините мерки за заштита од ковид-19. Вака истакнаа од струмичката полиција на денешната средба со угостителите за во рамките на локалниот совет за превенција за да се спречи ширењето на вирусот во овој регион.

Заради нивното неколкумесечно неработење бевме толерантни и флексибилно но очигледно  не ја сфатија колективната одговорност кажаа од полицијата кои до ЈО доставуваат секојденво кривични пријави.

Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски уште еднаш упати апел за доследно почитување на мерките. Според него сите треба да имаат проактивен однос за да се спречи ширеењето оти се повеќе новозаболени во ова општина се од младата популација која се собира по угостителските објекти.

Угостителите пак тврдаат дека инспекциските и полициските контроли се селективни.  Тврдат дека ги почитувале мерките но не можат да го српечат групирањето. Се пожалија дека обемот на раобта им е намален  и побараа субвенциии. 

Во Струмица последниве денови значително се зголеми бројто на заразени до ковид-19 . Последната статисика говори дека во овој регион има 115 активни  случаи. 

0 Коментари

Остави коментари