Кој е папата Франциск?

Скромниот језуит со италијанско потекло роден во Аргентина е првиот верски поглавар кој доаѓа од Латинска Америка и прв папа кој не е од Европа. По речиси илјада години папата франциск е првиот језуит кој застанува на чело на Ватикан.

Хорхе Марио Бергољо роден е во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година како најмлад од петте деца на италијански доселеници. Студирал филозофија и дипломирал хемиска технологија, а пред да стане надбискуп на Буенос Аирес предавал книжевност, психологија, филозофија и теологија. Течно зборува италијански, германски и шпански, а се снаоѓа со англиски, француски и португалски.

Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година, а поглавар на римокатоличката црква станува во 2013 година кога го наследи Бенедикт шеснаесетти, кој поднесе оставка. Папата Франциск обожува танго, а е и страстен навивач на локалниот арегентински фудбалски клуб „Сан Лоренцо“.

Во младоста активно играл кошарка. Исто така поседува голема колекција од дресови од фудбалски клубови. Откако стана папа, тој беше кандидат за Нобелова награда за мир. „Тајм“ го прогласи за личност на 2013 година, списанието „Ролинг стоун“ го стави на насловната страна. Папата Франциск многу сака да готви, а најдобро знае да го подготвува шпанското јадење паеља. Го држи рекордот од милион следбеници на инстаграм собрани за најкус рок (за помалку од 12 часа), а исто така е еден од највлијателните светски водачи на Твитер, каде го следат над 45 милиони луѓе.иако секојдневно објавува на социјалните мрежи, папата Франциск нема свој личен компјутер. Не твита лично, но секој пост пред објавување мора да го прочита и одобри.во текот на годините добивал многу екстравагантни подароци, меѓу кои и мотор Харли Дејвидсон. Подароците ги продава, а парите ги донира на центрите за бездомници.

Во 1990 година се зарекол пред дева Марија дека засекогаш ќе престане да гледа телевизија и до денес не го прекршил заветот. Тој не живее во официјалната папска резиденција во апостолската палата. Наместо тоа, избра да живее во многу поскромната каза Санта Марија, куќа за гости на ватикан со цел да може да прима посетители и да има средби со обичните луѓе.