Кои се успесите и неуспесите во првите сто дена од мандатот на премиерот Ковачевски?

Економска, енергетска, гасна криза. Инфлација, нови задолжувања, протести, аналитичарите велат дека првите сто дена на владата предводена од Ковачевски беа полни со политички и економски турбуленции. Успеси и неуспеси во првите сто дена од мандатот на премиерот Ковачевски.

Успешни економски, но и владини политики вака премиерот Ковачевски го дефинираше работењето на новиот владин кабинет предводен од него во првите сто дена владеење. За опозицијата пак 100 дена влада е за 100 денови неуспеси и промашени политики.

На оваа тема, што добивме и колку ќе трае владата на Ковачевски дебатираме и разговараме со аналитичарите. Петар Арсовски, Самоил Малчевски и Газменд Ајдини.